Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Париз има контрола врз буџетот за ЛОИ 2024

/

пред 1175 дена

Сподели преку :

Првиот човек на организацискиот комитет на Летните олимписки кои следната година ќе се одржат во Париз, Тони Естанже изјави дека буџетот е под целосна контрола и дека нема да има големи отстапки од предвидената сума.

“Наскоро ќе ја минеме границата од милијарда евра, но тоа се пари кои се обезбедени од нашите партнери. Ова е прв пат едно спортско натпреварување во земјава да има толку голем буџет кој е покриен од многу домашни компании”, изјави Естанже кој е троен олимписки првак во кану на диви води.

Организацискиот комитет во моментов преговара со уште неколку компании со кои може да се потпишат спонзорски договори и да се обезбедат дополнителни средства.

Најблиску до договор е со компанијата LVMH, која раководи со многу познати брендови како што се Луј Витон, Живенши, Мое и Шандон, Хенеси, Шоме и Жерлан.

Вкупниот буџет на Игрите се очекува да биде 4,4 милијарди евра и се очекува 96 проценти од парите да бидат обезбедени од приватниот сектор, а тука се уште помошта од Интернационалниот олимписки комитет, партнерските компании, а дел од буџетот ќе се покрие и со продажбата на влезници и телевизиски права.

Организаторите очекуваат 92% проценти од парите да бидат собрани до крајот на оваа година.