Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Партизан и Црвена Звезда ќе играат во Евролигата и во новата сезона

/

пред 838 дена

Сподели преку :

Евролигата ги потврди 18-те тимови кои ќе учествуваат во новата сезона, а меѓу нив повторно се најдоа двата српски тимови Партизан и Црвена Звезда.

На денешниот состанок на Собранието на Евролигата беа објавени имињата на тимовите кои ќе играат во сезоната 2024/25.

Покрај тимовите кои се основачи на Евролигата, како Реал Мадрид, Барселона, Басконија, потоа турските тимови Анадолу Ефес и Фенербахче, грчките гиганти Панатинаикос и Олимпијакос, потоа Баерн Минхен, Милано, АСВЕЛ, Макаби Тел Авив, Жалгирис, лиценца за настап сезонава добија Партизан и Црвена Звезда, потоа Виртус Болоња, Монако, Алба Берлин, како и тимот на Парис, кој го освои Еврокупот изминатата сезона.

Евролигата почнува на 3.октомври, а тимот на ЦСКА Москва иако е еден од основачите на лигата останува под суспензија, поради воениот конфликт на Русија со Украина.