Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пегула против Сабаленка во женското финале на Ју-Ес Опен (ВИДЕО)

/

пред 757 дена

Сподели преку :

Џесика Пегула ќе игра во своето прво грен слем финале во кариерата, каде за противничка ќе ја има втората фаворитка на Ју-Ес Опен, Арина Сабаленка.

Пегула се наоѓа во неверојатна форма, а тоа го докажа и утринава во полуфиналето против Каролина Мухова. Американката се врати по сет негатива од 1-6, па следните два ги доби со 6-4 и 6-2 за пласман во првото грен слем финале во кариерата. Интересно е тоа што за Пегувал ова беше 15-та победа на последните 16 мечеви.

Таа во сабота во големото финале ќе ги одмери силите со втората носителка на грен слемот Арина Сабаленка. Белорусинката до своето второ финале по ред во Њујорк дојде по победата над Ема Наваро во два сета со 6-3 и 7-6.

Сабаленка и Пегула се соочија пред нешто повеќе од еден месец во финалето на мастерсот во Синсинати, каде славеше Белорусинката со 6-3 и 7-5.

Вечерва на програмата се полуфиналните мечеви во машка конкуренција, а Јаник Синер игра против Џејк Дрејпер, додека Тејлор Фриц ќе ги одмери силите со Франсес Тиафо.