Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пеколна недела за ТФТ: Почнува полуфиналето во првенството, а следи и бараж за АБА-лига

/

пред 152 дена

Сподели преку :

Денеска почнува полуфиналето од плеј-офот во домашното кошаркарско првенство. ТФТ Скопје го пречекува Маџари во салата „Лазар Лечиќ“ во Градски парк, додека актуелниот шампион МЗТ Скопје полуфиналната серија ќе ја почне в среда, кога во „Јане Сандански“ ќе го пречека Пелистер.

ТФТ вечерва од 20 часот ќе игра против Маџари и за тимот од Тафталиџе ќе биде исклучително важно полуфиналето да го отвори со победа. За составот на тренерот Боро Смилковски ова ќе биде пеколна недела, бидејќи покрај обврските на домашната сцена, го очекува и голем меѓународен предизвик.

ТФТ ќе игра бараж со Борац Чачак за пласман во АБА-лигата. Минатата недела скопскиот тим загуби со 2-0 од Широки Брег во финалето на АБА2-лигата, но сега ќе има уште една шанса за влез во елитното регионално натпреварување. Борац регуларниот дел од сезоната во АБА-лигата го заврши на претпоследното место на табелата.

ТФТ на првиот натпревар ќе гостува в четврток, а во недела ќе биде домаќин на вториот меч. Борац ќе има предност евентуалната мајсторка да ја игра на домашен терен, а тој натпревар е закажан за 15 мај.

ФОТО: ТФТ Скопје/Фејсбук