Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пелистер поразен од Џокер по очајната трета четвртина

/

пред 690 дена

Сподели преку :

Кошаркарите на Пелистер го запишаа третиот пораз во низа во АБА2-лигата откако вечерва беа поразени на гостувањето кај Џокер во рамки на 4.коло во групата Ц. Битолчани лошо го почнаа второто полувреме и тоа скапо ги чинеше на крајот од натпреварот.

Пелистер замина во Сомбор за да му се одмазди на Џокер за поразот во Битола од пред две недели, но и да се врати во игра за пласман во плејофот. Работите одеа добро за момците на тренерот Александар Петровиќ се до третиот период. Битолчани одиграа одлично во првите две четвртини и на паузата водеа со 49-53.

Џокер стартуваше фуриозно во второто полувреме со серија од 18-3, па дури дојде и до убедливо водство од 76-60. Пелистер се обиде да се врати во последните 10 минути од натпреварот, но не можеше да ја преслика играта на српскиот тим од третиот период. На крајот Џокер се радуваше на победа од 93-84 за да го задржи перфектниот ефект во групата Ц со четири победи од четири натпревари и да се пласира во плејофот на две кола до крајот.

Брајан Ентоан со 18 поени беше најефикасен во редовите на битолчани, а Никола Мишковиќ имаше 17 поени и 10 скока.

На следниот натпревар во рамки на 5.коло, Пелистер повторно гостува и тоа кај Широки Брег на 4.декември, кога ќе се обиде да дојде до втората победа во групата.