Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Перез и Ботас ќе возат за Кадилак во 2026 година во Ф1

/

пред 399 дена

Сподели преку :

Серхио Перез и Валтери Ботас се враќаат во Формула 1 и од следната сезона ќе возат за новиот тим, Кадилак. Искусните пилоти оваа 2025 година не се натпреваруваат откако двајцата останаа без ангажман.

Новиот американски Формула 1 тим бараше искусни возачи кои ќе му помогнат на составот дополнително да се развива. Перез до минатата сезона беше член на Ред Бул, а претходно возеше и за Заубер, Мекларен и Форс Индија или тимот, кој сега е попознат како Астон Мартин. Во својата богата кариера, Мексиканецот има шест победи досега во Ф1.

Ботас до лани возеше во Заубер, а оваа сезона се врати во Мерцедес како резервен возач. Финецот има десет победи во кариерата сите во болидот на Мерцедес каде возеше од 2017 до 2021 година.
Кадилак ќе биде 11-тиот тим во Формула 1, а следната сезона ќе има уште едно ново име меѓу конкуренцијата, а тоа е Ауди. Германскиот производител на автомобили го откупи тимот на Заубер.