Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Перфектен ефект на македонските ММА борци во Белград: Алексовска прогласена за најдобра на турнирот

/

пред 741 дена

Сподели преку :

Вчера во Белград се одржа силен меѓународен турнир во ММА на кој за прв пат учествуваа 186 натпреварувачи од 5 земји, а нашиот тим „Д Стронгест“ предводен од тренерите Ивица Алексовски и Стефан Пецевски го направи до сега најголемиот успех во овој брзо-растечки спорт. Во сите осум борби, нашите репрезентативци доминираа и стигнаа до перфектен ефект од осум победи.

Лука Стојановски имаше три борби во еден ден  и сите три борби ги доби со доминација па заслужено освои златен медал.

Марко Трајановски исто така доминираше во своите две борби и освои златен медал.
На вечерашниот гала евент кој се одржа на отворено на Калемегдан, имавме двајца претставници, Дарко Димитриев и Даниела Алексовска.

Дарко доминирше сите 3 рунди и го освои златниот медал. Најголем успех постигна нашиот најголем талент, Даниела Алексовска која со своите 18 години се бореше во сениорска конкуренција и во една категорија погоре со своите потешки противници.

Во полуфиналето имаше тотална доминација и со зафат во втората рунда ја совлада најперспективната српска ММА натпреварувачка од Ахилеј, а во финалната борба беше многу подобра против една од најквалитетните српски борачки и со зафат на ногата во првата рунда го освои златниот медал.

Даниела беше прогласена за најдобар борец на турнирот каде што од страна на претседателот на српскиот ММА сојуз, Лука Николиќ и беше доделен пехар.

Нашите ММА борци се прикажаа во вистинско светло и на вистински начин ја промовираа македонската ММА сцена и нашата држава.