Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пет скијачки се искачија на подиумот во Кортина (ВИДЕО)

/

пред 982 дена

Сподели преку :

Стефатни Вениер на спустот во Кортина д’Ампецо стигна до својата втора победа во кариерата во рамки на Светскиот куп во алпско скијање. На победничкиот подиум денеска имаше дури пет скијачки, а лидерката во генералниот пласман Микаела Шифрин имаше опасно излетување.

Вениер до триумфот стигна со време од 1:33,06 минути. Зад Австријката со 39 стотинки послабо време финишираше Лара Гут-Бехрами од Швајцарија. Интересно денеска на подиумот се искачија дури пет скијачки, бидејќи три мораа да го поделат третото место поради идентичен резултат.

Валери Грение, Кристина Агер и Софија Гоџа остварија време од 1:33,77 минути.

Микаела Шифрин не ја заврши денешната трка во спуст, бидејќи имаше тешко излетување, а информациите велат дека Американката нема посериозно повреди.

Гоџа е лидер во спуст со 290 бодови, пред денешната победничка Вениер, која има 216, додека Гут-Бехрами е трета со 164.

Во генералниот поредок, Шифрин има 1.209 бодови на првото место, Гут-Бехрами е втора со 869, а Петра Влхова е трета со 802.

Утре во италијанскиот ски-центар повторно се вози трка во спуст, додека во недела е закажана трката во супер велесалом.