Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пиоли сигурно добива отказ: Милан назначува поранешен играч на кормилото

/

пред 893 дена

Сподели преку :

Стефано Пиоли е завршена приказна во Милан и тренерот по завршувањето на актуелната сезона ќе заработи отказ една година пред истекот на неговиот актуелен договор.

Италијанецот беше назначен на клупата во октомври 2019 година и го одведе тимот до шампионската титула во Серија А во сезоната 2021/2022. Сепак, сезонава Милан не беше на потребното ниво, особено не последните неколку важни натпревари како против Рома и Интер.

Низ италијанските медиуми веќе се шпекулира со неколку имиња, а последниот е Марк ван Бомел. Холанѓанецот моментално работи во Антверпен, а претходно беше тренер и на ПСВ  Ајндховен и Волфсбург. Тој е поранешен играч на Милан и е силно подржан од Златан Ибрахимовиќ.

На листата на потенцијални нови тренери на Милан се и Тијаго Мота од Болоња, Роберто де Зерби од Брајтон и Пауло Фонсека од Лил.