Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пливачите од Русија и Белорусија се враќаат на натпреварувањата

/

пред 1126 дена

Сподели преку :

Светската пливачка федерација донесе одлука според која пливачите од Русија и Белорусија во иднина ќе може да се појават на натпреварувањата, но ќе имаат статус на неутрални спортисти.

По серија консултации челниците на Светската федерација донесоа серија строги критериуми според кои пливачите од двете земји ќе можат да се вклучат во натпреварувачкиот систем.

Според нив секој спортист не смее да дава поддршка на инвазијата врз Украина, не смее да носи никакви државни обележја, а нема да се интонираат националните химни, а ќе бидат спроведени и строги допинг контроли.

Во секоја дисциплина ќе може да партиципира само еден пливач.

Светската пливачка асоцијација ја донесе одлуката откако претходно спроведе анкета меѓу  пливачите од 67% ја поддржуваат одлуката, но со почитување на сите критериуми.