Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Победа против Литванија за пласман на Европското првенство

/

пред 510 дена

Сподели преку :

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва против Литванија го игра решавачкиот натпревар за пласман на Европското првенство.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров во мечот чиј почеток е закажан за 18 часот мора да ги освојат двата бода и со победа од два гола разлика сигурно ќе го освојат второто место во групата што значи и ново учество на континенталните шампионати.

Македонија е апсолутен фаворит во овој дуел, но нашите ракометари тоа треба да го докажат и на теренот. Сепак и покрај сите проблеми околу составувањето на тимот, Лазаров со своите избраници со поддршка од трибините треба да стигне до посакуваната победа и потврда на уште едно учество на големите натпреварувања.

Натпреварот почнува во 18 часот и се игра во салата на СЦ Јане Сандански.

ФОТО: Игор Паневски