Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почнува фудбалскиот шампионат во Украина

/

пред 1507 дена

Сподели преку :

И покрај агресијата врз Украина од страна на Русија денеска во земјата зафатена со воени дејства почнува фудбалскиот шампионат.

Новата сезона се отвори точно на пладне со дуелот меѓу Шахтар Доњецк и Металист Харкив и ова ќе биде прв натпревар по пауза од 254 дена од последното соочување.

Натпреварите ќе се играат во украинската престолнина Киев и во градовите кои се во западниот дел од земјата и се далеку од линијата на фронтот.

На секој од стадионите каде ќе се играат натпреварите мора да има скривници кои ќе ги заштитат учесниците и тие може да бидат оддалечени најмногу 500 метри.

Пристапот до нив мора да истакнат на сите делови од стадионите, а сите актери на средбите ќе присуствуваат безбедносни брифинзи пред да излезат на теренот.

Покрај натпреварот меѓу Шахтар и Металист денеска играат Черноморец Одеса – Верес, Зорја – Ворскла и Колос – Кривбас.