Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почнува новата сезона во македонскиот фудбал

/

пред 1157 дена

Сподели преку :

Со петте натпревари од првото коло денеска се отвора новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Бранителот на трофејот Струга на стартот е домаќин на Гостивар, а повратникот во елитното друштво Вардар попладнево гостува во Струмица каде ќе се соочи со АП Брера.

Дебитантот во Првата лига Воска Спорт пред своите навивачи се среќава со Шкендија, Брегалница во Штип го пречекува Силекс додека Тиквеш на стартот игра против Македонија ЃП.

Градското дерби меѓу Работнички и Шкупи ќе се одигра утре.

Сите натпревари почнуваат во 17 часот.

ФОТО: Игор Паневски