Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почнува завршниот круг во фудбалскиот шампионат

/

пред 939 дена

Сподели преку :

Со натпреварите од 23. коло почнува третата и завршна рунда во Првата македонска фудбалска лига.

Водечките екипи и најсериозните кандидати за освојување на шампионскиот трофеј играат на домашен терен.

Лидерот и бранител на трофејот Струга ја пречекува АП Брера, Шкупи игра против градскиот ривал Работнички додека Шкендија е домаќин на Воска Спорт.

Гостивар на почетокот од завршната фаза во првенството ќе се соочи со Вардар, Тиквеш за противник ја има Брегалница додека Македонија ЃП му гостува на Силекс.

Почетокот на сите натпревари е закажан за 14 часот.

ФОТО: Игор Паневски