Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поевтини влезници за гостинските навивачи во Шпанија

/

пред 1210 дена

Сподели преку :

Инцијативата на организацијата Обединети навивачи (Aficiones unidas) неодамна покрена инцијатива за подигнување на културата на патувања на навивачите со своите клубови на гостувањата во Ла Лига според која од членовите на елитното друштво да ги лимитираат цените на влезниците.

Инцијативата наиде на голема поддршка меѓу клубовите и до овој момент дури 11 од вкупно 20 члена на Ла Лига го прифатија барањето и дале начелна согласност цената на билетите за гостинските навивачи да биде ограничена на 25 евра.

Меѓу оние кои ја поддржаа идејата се Бетис, Севилја, Реал Сосиедад, Мајорка, Кадиз, Алмерија, Атлетико Мадрид, Селта и Валенсија, а се уште се чека одговор од Барселона, Лас Палмас, Гранада и клубовите кои се борат за враќање во елитата Алавес и Лас Палмас, кои побарале дополнително време за проценка по која ќе донесат конечна одлука.

Единствени кои во моментов немаат никаков став се Реал Мадрид и Вилјареал.

Инцијативата е покрената поради фактот што во Шпанија нема традиција со гостинските екипи да допатува поголема бројка на навивачи како што е на пример во Англија, но и во поголемиот дел од Европа.

ФОТО: Игор Паневски