Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пол-позицијата за Бањаја, спринтот за Еспаргаро

/

пред 1128 дена

Сподели преку :

Во Мото ГП шампионатот, Франческо Бањаја ја освои пол-позицијата за утрешната трка за Големата награда на Каталонија во Барселона, а Алеиш Еспаргаро славеше на спринт трката.

Бањаја во квалификациите имаше време од 1 минута, 38 секунди и 639 илјадитинки и со тоа постави нов рекорд на патеката „Каталуња“. Второ најдобро време имаше Алеиш Еспаргаро, трет беше Мигел Оливеира, а зад нив се Маверик Вињалес, Хорхе Мартин, Јоан Зарко и Алекс Маркез.

На спринт трката триумфираше Алеиш Еспаргаро на мотоцијлот на Априлија на голема радост на домашната публика. Зад Шпанецот финишираше Бањаја, додека на подиумот имаше место и за  уште еден домашен натпреварувач и мотициклист на Априлија, Маверик Вињалес.

Во генералниот поредок Бањаја со новите бодови останува лидер со 260 бодови, пред Хорхе Мартин кој има 194, додека трет е Марко Бецеки со 185.

Утрешната трка за Големата награда на Каталонија почнува од 14 часот.