Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полска и Франција го отвораат ракометниот Мундијал, Македонија повторно дел од светската елита

/

пред 1362 дена

Сподели преку :

Со дуелот меѓу кодомаќинот Полска и една од најтрофејните селекции Франција се отвора Светското првенство во ракомет.

Со вечерашниот меч чиј старт е закажан за 21 часот и ќе се одигра во Катовице почнува серијата од вкупно 112 натпревари на шампионатот на кој партиципираат 32 селекции поделени во осум групи по четири.

На Светското првенство ќе настапи и репрезентацијата на Македонија која од 2013-тата е редовен учесник на Мундијалите, а за нас ова ќе биде вкупно седми пат да се најдеме меѓу светската ракометна елита.

Од седум учества Македонија пет пати успеа да ја мине првата фаза од натпреварување и само два пати учеството го заврши во првиот круг.

Најдобриот пласман го бележиме во 2015-тата кога на првенството во Катар и покрај поразот во осминафиналето завршиме на деветтата позиција.

Без пласман во втората рунда останавме на дебито во 1999 го Египет и пред четири години кога бевме дел од Президент купот и на крајот бевме 18-ти.

На овој шампионат Македонија немаше среќа при жрепката бидејќи сме во група со Норвешка, Холандија и Аргентина, но очекуваме дека и овој подмладен состав ќе ја продолжи традицијата и повторно ќе се најдеме во следниот круг, а за тоа ни е потребна барем една победа.

Во првото коло в петок во Краков противник ни е Норвешка, два дена подоцна ќе се соочиме со Холандија, а во последното коло на 17 овој месец играме со Аргентина.

ФОТО: Игор Паневски