Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Помали плати ако не се обезбеди пласман во Лигата на шампионите

/

пред 1310 дена

Сподели преку :

Медиумите во Велика Британија пишуваат дека раководството на Челзи им порачало на фудбалерите дека доколку на крајот од сезоната не се обезбеди пласман во Лигата на шампионите од јуни следува драстично намалување на платите.

Неофицијално се говори за сума од 25 проценти што ќе биде преседан во поновата историја бидејќи ваков потег не бил направен ниту во времето кога на чело на Челзи беше Роман Абрамович.

Веројатноста играчите во следната сезона да имаат помали плати за една четвртина е голема со оглед на фактот дека Челзи во моментов е на десеттата позиција на табелата со 11 бода помалку во однос на Тотенхем кој по 26 кола се наоѓа на четвртото место, а за намалување на разликата има уште 13 натпревари.

Клубот од Стемфорд бриџ сепак се уште има шанса да биде дел од елитното натпреварување, а тоа може да се случи само доколку се освои трофејот во шампионската лига.

Челзи вечерва на домашен терен ја пречекува Борусија Дортмунд и за пласман во четвртфиналето потребна му е победа од два гола разлика.

ФОТО: Игор Паневски