Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поништен црвениот картон на Винисиус Жуниор, Валенсија доби казна и делумно затворање на стадионот

/

пред 1232 дена

Сподели преку :

Натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид изминатиот викенд предизвика силни реакции во фудбалскиот свет поради расистичките навреди кои ги доби Винисиус Жуниор на стадионот „Месталја“. Младиот Бразилец во финишот дури беше и исклучен, но Шпанската фудбалска федерација синоќа донесе одлука да ја поништи санкцијата.

Фудбалерот на Реал Мадрид постојано беше цел на расистички навреди од несовесни домашни навивачи на што самиот реагираше за време на натпреварот. Во финишот тој доби црвен картон откако ги загуби нервите, но Шпанската федерација одлучи да го поништи и тој нема да биде суспендиран. Валенсија доби казна од 45.000 евра поради расистичките навреди на своите навивачи и на следните пет натпревари еден дел од стадионот „Месталја“ ќе биде суспендиран односно нема да се продаваат билети за трибинита зад едниот гол од каде што доаѓаа расистичките навреди.

Валенсија најави жалба на оваа одлука, бидејќи целосно соработувала со полицијата во идентификување на несовесните навивачи. Три лица беа уапсени поради расистичките навреди кон Винисиус и добија доживотни забрани за влез на стадионот „Месталја“.