Евгениј Поп Ацев во трката во далечинско пливање на 25 километри на Светското првенство во водени спортови во Будимпешта го освои 17. место.
Македонскиот репрезентативец делницата ја мина за 5 часа, 13 минути, 52 секунди и 18 стотинки и зад победникот заостана 11 минути и 31 секунда.
Во трката беа пријавени вкупно 26 пливачи, а на целта пристигнаа 20.
Златниот медал го освои Италијанецот, Дарио Верани втор беше Аксел Рејмон од Франција додека бронзата му припадна на Петер Галич од Унгарија.











