Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пораз во Пореч: Хрватска пресилна за подмладената Македонија

/

пред 1367 дена

Сподели преку :

Македонската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 40-34  на гостувањето во Пореч во рамки на „Кроација купот“. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров прикажаа добра игра во нападот, но овој пат одбраната потфрли, која немаше подршка ниту од голманите.

Дел од играта на Македонија треба да радува, бидејќи подмладениот тим игра модерен и брз ракомет. По првиот дел беше 22-19 за Хрватска, но нашиот тим имаше блескави моменти кога се враќаше од негатива од четири голови.

Нашиот ривал не подзастана во второто полувреме и во најголем дел го контролираше резултатот со водство од 3-5 голови. Во еден момент ја имавме и највисоката негатива од седум разлика.

На крајот резултатот гласеше 40-34 во најсилната контрола на Македонија пред настапот на Светското првенство.

Дејан Манасков беше најефикасен во редовите на Македонија со девет голови, од кои седум постигна во првиот дел. Филип Кузмановски имаше осум погодоци, а голманите имаа само три одбрани, една Марко Кизиќ и две Мартин Томовски. Во редовите на Хрватска, Мартиновиќ беше најефикасен со осум голови.

Утре Македонија во Пореч ќе се соочи со селекцијат на Израел, што воедно ќе биде и последната контрола пред настапот на Светското првенство во Шведска и Полска. Првиот натпревар во Краков на Мундијалот го играме со Норвешка на 13 јануари.