Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Последно место за Ивановски во квалификациите на 3000 метри

/

пред 1311 дена

Сподели преку :

Дарио Ивановски беше вториот македонски репрезентативец кој настапи на Европското првенство во сала.

Тој беше дел од квалификациите на 3000 метри и на крајот го освои последното место со време од 8 минути 17 секунди и 93 стотинки што е за дваесет секунди послаб резултат од неговото најдобро постигнување кое воедно е и национален рекорд.

Најдобар резултат забележа Србинот Елзан Бибиќ кој на целта пристигна со време од 7 минути 50 секунди и 21 стотинки, а меѓу првите тројца се најдоа уште Адел Мечал од Шпанија и Британецот, Џејмс Вест.

Еден од фаворитите за највисок пласман Јакоб Ингебритсен од Норвешка имаше дури 11-ти резултат, но сепак успеа да се пласира во финалето.

Во конкуренција за 16 места во финалето настапија дваесет атлетичари.

ФОТО: Игор Паневски