Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Познати двојките за баражот во Лига Европа

/

пред 1022 дена

Сподели преку :

Одредени се и двојките за првото елиминациско коло во второто по ранг европско клупско натпреварување, Лига Европа.

Во оваа фаза се среќаваат тимовите кои во фазата по групи го освоија второто место и екипите кои настапот во Лигата на шампионите го завршија на третата позиција.

Феенорд во ова фаза од натпреварувањето за противник ја доби Рома, Ленс ќе се соочи со Фрајбург, Бенфика игра против Тулуз, а Галатасарај е домаќин на прашка Спарта.

Еден од фаворитите за трофејот Милан во првиот меч е домаќин на Рен, Јанг Бојс го пречекува Спортинг Лисабон, Карабаг е првата пречка за Брага додека последната двојка е Шахтар Доњецк – Олимпик Марсеј.

Во осминафиналето директно се пласираа екипите кои ја освоија првата позиција во групите и во следната рунда ќе се приклучат Аталанта, Ливерпул, Брајтон, Баер Леверкузен, Ренџерс, Славија Прага, Вилјареал и Вест Хем.

Првите натпревари се играат на 15 февруари, а реваншите се седум дена подоцна.