Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Познати финалистите на ИТФ турнирот во Скопје

/

пред 1569 дена

Сподели преку :

Орландо Луз и Стефан Палоси ќе се борат за трофејот на ИТФ турнирот што се одржува во Скопје.

Првиот носител, Бразилецот, Луз во меч што траеше 2 часа и 10 минути во три сета со 4:6, 6:1 и 6:3 триумфираше над Богдан Бобров од Русија додека осмиот фаворит, Романецот, Палоси беше поуспешен од сонародникот Себастијан Гима совладувајќи го со 6:3 и 6:4.

Решавачкиот дуел за титулата во Скопје ќе се одигра утре на централниот терен на ТК Југ, а почетокот е закажан за 11 часот.

ФОТО: Игор Паневски