Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Познати се двојките во разигрувањето за трофејот во НБА

/

пред 1274 дена

Сподели преку :

По одигрувањето на сите натпревари во основниот дел од сезоната, познати се двојките за разигрувањето на шампионскиот трофеј во НБА.

Двете првопласирани екипи на Истокот и Западот го чекаат епилогот од плеј инот во кој влегоа четири состави.

Денвер и Мемфис на Западот и Милвоки и Бостон на Истокот ги чекаат противниците кои во следниве денови ќе се борат за последните две места во секоја конференција.

За место во разигрување во Западната конференција се среќаваат ЛА Лејкерс – Минесота и Њу Орлеанс – Оклахома додека на Истокот ќе се соочат Мајами – Атланта и Торонто – Чикаго.

Останатите двојки од првото коло во разигрувањето се веќе познати.

На Западот во првата рунда играат Феникс – ЛА Клиперс и Сакраменто – Голден Стејт додека на Истокот двојките се Кливленд – Њујорк и Филаделфија – Бруклин.

ФОТО: Игор Паневски