Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Познати термините на одигрување на натпреварите на Евро 2024

/

пред 1038 дена

Сподели преку :

По неполни 24 часа од одржувањето на жрепката за првата за од Европското првенство во фудбал што ќе се одржи следната година во Германија, УЕФА ги објави термините на одигрувањето на мечевите на целиот турнир.

Првиот дуел на шампионатот на 14 јуни во кој се среќаваат Германија и Шкотска е закажан за 21 часот и ќе се игра во Минхен.

Во деновите кога се играат по три натпревари, термините се 15, 18 и 21 часот, а дуелите кои се на програмата на 18. јуни стартот е закажан за 18 и 21 часот.

На 23 и 24  јуни кога се играат натпреварите од последното коло во  А и Б групата почетокот е во 21 часот додека на 25 и 26 јуни дуелите почнуваат во 18 и 21 часот.

Финалето кое е на програмата на 14 јули и ќе се одигра во Берлин почнува во терминот од 21 часот.

ФОТО: Игор Паневски