Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Познати замените за повредените играчи кои го пропуштаат НБА Ол Стар натпреварот

/

пред 1332 дена

Сподели преку :

Поради повреди тројца од членовите на стартните петорки нема да бидат дел од дуелот на сите ѕвезди во НБА лигата што ќе се одигра следната недела.

Иако се уште нема официјална потврда телевизиската станица ЕСПН објави дека на мечот во Солт Лејк Сити местата на Стеф Кари, кевин Дурент и Зајон Вилијамсон ќе ги заземат Ентони Едвардс (Минесота), Паскал Сијакам (Торонто) и Дерон Фокс (Сакраменто).

Во моментов сигурни членови на стартната петорка на Западот се Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и ЛеБрон Џејмс додека на Истокот натпреварот ќе го почнат Јанис  Адетокумбо, Џејсон Тејтум, Донован Мичел и Кајри Ирвинг.

Трите празни места ќе бидат дополнително пополнети со кошаркари кои се наоѓаат во составите на двата тима, а ново повиканите играчи нема директно како замени да бидат дел од стартната постава.

ФОТО: Игор Паневски