Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претпладневна програма на вториот ден од СП во атлетика

/

пред 1142 дена

Сподели преку :

Во претпладневната програма од атлетскиот Мундијал чиј домаќин е Будимпешта на програмата се квалификациите во осум дисциплини, а продолжуваат и натпреварувањата во седмобој.

Во девет часот стартуваат елиминациските трки на 400 метри во женска, а потоа и во машка конкуренција. Ќе се одржат квалификациите во фрлање диск за жени како, а на програмата е и битката за влез во финалето во скок во височина за дами.

Мажите ќе настапат во квалификациите на 400 метри со пречки, а во завршницата од денешната програма атлетичарите ќе настапат во елиминациите на 100 и 110 метри со пречки.

Во седмобој ќе се одржат натпреварувањата во скок во далечина и фрлање копје.

Претпладневната програма почнува во 9 часот.

ФОТО: Игор Паневски