Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прв пораз за Лејкерс сезонава, а прва радост за Денвер (ВИДЕО)

/

пред 705 дена

Сподели преку :

Феникс им се одмазди на Лос Анџелес лејкерс за поразот во 2.коло од новата сезона, па утринава на домашен паркет славеше во неизвесен натпревар со 109-105. Девин Букер со 33 и Кевин Дурент со 30 поени ги предводеа Санс до триумфот, а кај гостите најдобар беше Ентони Дејвис со 29 поени и 15 скока.

Денвер конечно ја запиша првата сезонска победа и тоа во третиот натпревар откако се врати од негатива од 15 поени за да слави на гости кај Торонто со 125-127 по едно продолжение. Никола Јокиќ имаше 40 поени и 10 скока за Нагетс, додека кај Репторс, Скоти Барнс имаше 21 поен со 12 скока.

Шампионот Бостон ја оствари четвртата победа на исто толку натпревари со триумфот над Милвоки од 119-108. Џејлен Браун постогна 30 поени, а изненадување беше Пејтон Причард, кој реализираше 28 поени од кои дури осум тројки. Демијан Лилард со 33 поени најмногу се истакна кај Бакс.

Кајри Ирвинг со 23 поени го предводеше Далас до триумф од 110-102 против Јута, а победи остварија и Орландо, Вашингтон, Мајами, Кливленд, Чикаго, Хјустон и Сакраменто.