Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прво светско злато за Одермат

/

пред 1331 дена

Сподели преку :

Швајцарецот, Марко Одермат е освојувач на златниот медал во спуст на Светското првенство во алпско скијање што се одржува во Куршевел.

Водечкиот во Светскиот куп конечно ја оправда фаворитската улога и до првото злато на Светските првенства стигна со време од 1 минута 47 секунди и пет стотинки. Ова за скијачот од Швајцарија е втор златен трофеј на големите натпреварувања откако минатата година триумфираше во велеслаломот на Олимписките игри во Пекинг.

Среброто му припадна на Норвежанецот, Александер Омот Килде кој заостана 48 стоти дела од секундата додека трет со 89 стотинки послабо време од победникот беше Камерон Александер од Канада.

Четвртата позиција ја освои Австриецот, Марко Шварц, а петти е светскиот првак во супервелеслалом, Џејмс Крофорд.