Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ПСЖ мора да му исплати 55 милиони евра на Мбапе

/

пред 753 дена

Сподели преку :

Килијан Мбапе ја доби правната битка со ПСЖ откако го тужеше својот поранешен клуб за 55 милиони евра неисплатени плати и бонуси од договорот.

Француската професионална фудбалска лига му нареди на ПСЖ да го исплати долгот кон фудбалерот, но клубот најави жалба на одлуката. Случајот може да се оддолжи повеќе месеци.

Мбапе во својата тужба наведе дека „светците“ не му исплатиле плати за април, мај и јуни оваа година, како и бонусите кои му следувале со продолжувањето на договорот потпишан во 2022 година.

За потсетување, францускиот репрезентативец ова лето се пресели во Реал Мадрид како слободен агент откако му истече договорот со ПСЖ.