Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ПСЖ одбил понуда за формирање супер тандем

/

пред 1549 дена

Сподели преку :

Според пишувањето на медиумите во Франција, Пари Сен Жермен исто така ја одбил понудата летово да го ангажира Кристијано Роналдо.

Идејата за трансфер на Португалецот пристигнала од неговиот менаџер Жорж Мендеш кој на францускиот шампион му предложел да го ангажира Кристијано Роналдо и да формира супер тандем со Лионел Меси.

Предлогот бил отфрлен со образложение дека во таа ситуација во екипата би имало премногу ѕвезди кои не само што би имале негативен ефект на буџетот за плати туку и на атмосферата во соблекувалната.

Кристијано Роналдо во последниве недели се обидуваше да си замине од Манчестер Јунајтед и се поврзуваше со можни трансфери во Баерн и Челзи, но очигледно дека на крајот ќе остане на Олд Трафорд до крајот на договорот кој завршува следното лето.

ФОТО: Игор Паневски