Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ПСЖ тргнува по Винисиус Жуниор

/

пред 1321 дена

Сподели преку :

Претстојниот летен преоден рок може да мине во знакот на трансфери на фудбалери од Пари Сен Жермен ќе се преселат во Реал Мадрид, но и во спротивна насока.

Кралскиот клуб како приоритет го има реализирањето на трансферот на Килијан Мбапе, кој по се изгледа очајнички се обидува да си замине од француската престолнина.

Но, Пари Сен Жермен се подготвува за жесток одговор според пишувањето на медиумите во Франција, актуелниот првак ќе се обиде да го ангажира Винисиус Жуниор.

Младиот Бразилец во последниве две сезони игра во одлична форма и е еден од клучните играчи во составот на Карло Анчелоти.

Сепак голем проблем за Реал претставува фактот што 21-годишниот Винисиус Жуниор има договор до јуни следната година, а уште поголем проблем е сумата за предвремен раскин кој во моментов изнесува 245 милиони евра.

ФОТО: Игор Паневски