Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Пулсот“ на топката ја исфрли Хрватска од Мундијалот (ВИДЕО)

/

пред 92 дена

Сподели преку :

Хрватска беше на чекор до драматично израмнување против Португалија во финишот од натпреварот на Светското првенство, но голот на Јошко Гвардиол во 103-тата минута беше поништен по интервенција на ВАР и предизвика големи реакции.

Гвардиол ја смести топката во мрежата за 2-2 и хрватските фудбалери веќе почнаа со славје, но норвешкиот судија Еспен Ескас беше повикан да ја прегледа снимката. Спорниот момент беше дали Игор Матановиќ ја допрел топката пред таа да стигне до Марио Пашалиќ, кој потоа асистираше за погодокот, а се наоѓаше во офсајд-позиција.

Одлуката беше донесена со помош на технологијата вградена во официјалната топка „Трионда“. ФИФА по натпреварот објави соопштение во кое наведе дека податоците од сензорите во топката докажале контакт на Матановиќ во почетокот на акцијата, што му овозможило на судијата правилно да досуди офсајд и да го поништи голот.

Според ФИФА, ИМУ-сензорите во топката можат да регистрираат и најмал допир, а сигналот на телевизискиот пренос беше прикажан преку таканаречена „heartbeat“ графика. Токму тој податок беше клучен за одлуката дека Пашалиќ бил во офсајд во моментот кога топката последен пат ја допрел негов соиграч.

Хрватските фудбалери и навивачи бурно реагираа на одлуката, а натпреварот беше накратко прекинат поради фрлање предмети на теренот. Селекторот Златко Далиќ по мечот изрази незадоволство од употребата на ВАР и порача дека ваквите ситуации ги „убиваат емоциите“ во фудбалот.

Португалија на крајот славеше со 2-1 и обезбеди пласман во следната рунда, додека Хрватска на драматичен и контроверзен начин го заврши настапот на Мундијалот.