Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ракометарите со нов пораз од Египет

/

пред 1794 дена

Сподели преку :

Македонската машка ракометна репрезентација и во вториот контролен дуел со Египет доживеа пораз. Овој пат шампионот на Африка славеше со 31:26.

Избраниците на селекторот Кире Лазаров во првиот дел од натпреварот играа одлично и по почетното водство од 2:0 до самата завршница на првото полувреме ја одржуваа предноста од два погодоци.

Сепак во финишот кога поведовме со 13:11 следуваше серија на Египет од 5:0 и на одмор се замина со водство на домаќинот од 16:13.

Во продолжението од натпреварот Египет имаше целосна контрола врз играта и резултатот и постојано беше во предност, која во еден момент изнедуваше и пет разлика. Во завршницата успеавме да стигнеме до негатива од три гола, но сепак на крајот Египет успеа да стигне до конечен триумф од 31:26.

Најефикасен во репрезентацијата на Македонија беше Филип Талески со девет гола, Цветан Кузманоски беше стрелец на седум додека Мартин Велковски пет пати ја затресе противничката мрежа.

ФОТО: Игор Паневски