Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ракометарите триумфираа во првиот дуел со Кувајт

/

пред 1741 дена

Сподели преку :

Во првиот контролен натпревар против репрезентацијата на Кувајт, македонската машка селекција триумфираше со 31:21.

Македонската селекција иако не беше во полн состав забележа убедлива победа во првото соочување со Кувајт. Гостите беа рамноправен противник само во првото полувреме кога предноста на избраниците на Кире Лазаров не беше поголема од два гола, а на одмор се замина со водство од 14:13.

Второто полувреме го отворивме со серија од 8:0 по што беше јасно дека нашиот состав сепак е доминантен во однос на противникот. Во продолжението успеавме да стигнеме и до двоцифрена предност кога поведовме со 28:17.

Убедливото водство го задржавме до крајот на средбата за конечен триумф од 31:21. Најефикасен во нашите редови со седум гола беше Мартин Серафимов, Филип Талески постигна пет, а по четири пати во листата на стрелците се запишаа Гоце Ојлески и Бојан Маџовски.

Голманите Мартин Томовски и Марко Кизиќ комбинирано запишаа 11 интервенции. Македонската селекција за две дена ќе одигра уште еден дуел против Кувајт кој повторно ќе се одигра во Маврово.