Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Скапо платени грешките, ракометарките поразени од Украина

/

пред 1275 дена

Сподели преку :

Македонската женска ракометна репрезентација во првиот дуел од баражот за пласман на Светското првенство е совладана од Украина со 24:22.

Нашите ракометарки скапо ја платија цената за катастрофалната игра во првото полувреме кое гостинките го решија во своја полза со 14:8.

Во продолжението од средбата избраничките на селекторот Љубомир Савевски игра далеку подобро и во еден момент успеаа да стигнат до израмнување, но немаа сила за пресврт.

Најефикасна во македонската репрезентација со осум погодоци беше Сара Ристовска додека Јована Саздовска и Моника Јанеска постигнаа по три.

ФОТО: Игор Паневски