Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ојлески: Добро познат противник, верувам во наша победа

/

пред 1775 дена

Сподели преку :

Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер вечерва во Битола во рамките на Лига Европа на ЕХФ е домаќин на унгарскиот претставник Татабања.

Битолчани веруваат дека може да стигнат до нова победа по која ќе бидат чекор поблиску до пласман во елиминациската рунда.

“Добро се познаваме со Татабања, минатата сезона одигравме неколку натпревари. Со доаѓањето на Ѓукиќ во тимот владее позитивна енергија, играат подобро од претходните и тоа е голем плус за нив. Убаво е кога се победува, особено на гостински терен. Нашата форма оди во нагорна линија, одлично се подготвуваме, играме добро и нема зошто да не веруваме дека ќе победиме на овој меч. Свесни сме дека нè очекува тврд и тежок натпревар, против цврста екипа со добри голмани, но пак ќе речам сите веруваме во победа”, истакна Ојлески.

Натпреварот во Битола почнува во 18 часот и 45 минути.