Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ракометарките дадоа отпор, но Норвешка е преголем залак

/

пред 1627 дена

Сподели преку :

Македонската женска ракометна репрезентација запиша очекуван пораз од фаворитот Норвешка со 18-24 во рамки на ЕХФ Европ купот. За нашиот тим ова е петти пораз на исто толку дуели во ова ревијално натпреварување помеѓу селекциите кои веќе имаат обезбедено пласман на Европското првенство.

Нашите ракометарки имаа нервозен старт на натпреварот, па фаворитот брзо се одлепи на четири голови разлика. Во продолжението се консолидиравме па почнавме да покажуваме далеку подобра игра. На полувремето резултатот гласеше 12-14 за Норвешка. Во вториот дел стартувавме со 2-0 за израмнување, но не искористивме повеќе од фактот што гостинките осум минути беа без погодок. Потоа следуваше голем пад во нашата игра, кога десет минути не можевме да постигне гол, а Норвешка направи серија од 0-7 дојде до најубедливото водство од 16-24. Го финиширавме натпреварот со 2-0, па се изборивме за нешто попристоен пораз од 18-24.

Јована Саздовска беше најефикасна со шест голови, а голманката Јована Мицевска имаше 14 одбрани. Во редовите на актуелниот светски и европски шампион, Хелене Фауске беше најдобра со шест голови. Во недела го завршуваме ова натпреварување со дуел повторно со Норвешка на гостински терен.

ФОТО: Игор Паневски