Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ракометарките го избегнаа последното место на ЕП У-19

/

пред 1177 дена

Сподели преку :

Македонските ракометарки ја запишаа првата победа на Европското првенство до 19 години и го избегнаа последното место на турнирот. По шест порази по ред, денеска нашите надежи ја совладаа Хрватска.

Младите ракометарки се изначекаа на првиот триумф на Европското првенство, па денеска славеа против Хрватска со 31-26 во натпреварот за 15.место, односно го избегнаа фенерот. Македонија го реши натпреварот во првото полувреме што го доби со 10 голови разлика или 18-10. Во вториот дел дојде до опуштање кај нашите ракометарки, па „коцкестите“ намалија на -3, но успевме да ја задржиме концентрацијата за да ја обезбедиме победата.

Емилијана Ризоска со девет голови беше најефикасна во нашите редови, Теодора Дукоска имаше пет, а Сара Стефаноска и Марија Јанкуловска реализираа по четири пати. Ема Кирова на голот имаше девет интервенции.