Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ракометарките го освоија 16. место на СП во Скопје

/

пред 827 дена

Сподели преку :

Македонската женска репрезентација на Светското првенство за јуниорки што се одржува во Скопје настапот го заврши на 16. позиција.

Во последиот настап на Мундијалот, Македонија попладнево е совладана од Кина со 25:23.
Најефикасна во нашиот тим со 11 гола беше Емилијана Ризоска, а по три пати во листата на стрелците се запишаа Ива Младеновска и Јана Равојска.

Во победничката екипа прв стрелец со шест погодоци беше Хонг Јан Жуанг додека по пет постигнаа Шеудан Лиу и Чанг Кинг Ху.

Претходно во битката за 13. позиција, Египет триумфираше над Јужна Кореа со 29:23. Вечерва на програмата се полуфиналните натпревари во кои се среќаваат Холандија – Унгарија и Франција – Данска.

ФОТО: Игор Паневски