Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ракометарките одиграа најдобро на првенството, недоволно за сензација

/

пред 1425 дена

Сподели преку :

Во последниот натпревар на Европското првенство во ракомет во женска конкуренција, женската репрезентација на Македонија ги одигра најдобрите 60 минути, но и тоа за жал не беше доволно за сензација и пласман во следната фаза. На крајот Романија славеше со 31:23.

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски одиграа извонредно во првото полувреме и беа рамноправен противник на фаворизираните Романки.

Нашата селекција игра добро и постојано имаше резултатски приклучок, а противничките не водеа со поголема предност од три гола, а водството го одржуваа благодарение на расположената Кристина Неагу.

Во второто полувреме заморот очигледно го направи своето, противникот тоа го искористи на најдобар начин во завршницата влезе со предност од шест погодоци.

На крајот Романија успеа успеа и да ја зголеми разликата за конечен триумф од 31:23 и пласман во следната рунда од континенталниот шампионат.

Најефикасна во редовите на македонската репрезентација беше Сања Дабевска со седум погодоци, Маџовска постигна шест додека прв стрелец на натпреварот со десет гола беше Неагу.

ФОТО: Игор Паневски