Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ракометните надежи главната рунда ја отвораат со Данска

/

пред 1155 дена

Сподели преку :

Македонската машка репрезентација на Светското првенство за ракометари до 19 години успеа да се пласира во главната рунда и од утре ќе се бори за влез меѓу осумте најдобри на турнирот.

Денеска избраниците на селекторот Раде Стојановиќ имаат можност добро да се одморат пред следните два предизвика во главната рунда каде ги очекуваат соочувања со Австрија и Данска.

Дуелот против Данска се игра утре со почеток во 17 часот и 30 минути, а во вторник противник ни е репрезентацијата на Австрија во истиот термин.

Место во осминафиналето обезбедуваат двете првопласирани селекции, а четвртиот учесник во оваа група е Норвешка која во главната рунда пренесе два бода.

ФОТО: Игор Паневски