Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Раниери го одбра својот наследник на клупата на Рома

/

пред 661 дена

Сподели преку :

Масимилијано Алегри е кандидат број 1 да седне на клупата на Рома од следната сезона. „Римската волчица“ пред неколку недели го назначи Клаудио Раниери на тренерската позиција, кој е третиот тренер сезонава на тимот, бидејќи пред него работеа и Иван Јуриќ и Даниеле де Роси. Двајцата брзо заработија откази поради слабите резултати.

Раниери од следната сезона ќе влезе во одборот на директори на клубот и треба самиот да го одбере својот наследник. Италијанските медиуми велат дека изборот паднал токму на Алегри, кој е познат како искусен и одличен стратег.

Алегри е без ангажман по заминувањето од Јувентус, а претходно беше тренер и на Милан, Калјари, Сасуоло и уште неколку помали италијански клубови.