Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Реал Мадрид и Ливерпул во „лов“ на Шарл де Кетеларе

/

пред 649 дена

Сподели преку :

Шарл де Кетеларе игра фантастична сезона во дресот на Аталанта и на 24 натпревари во сите конкуренции има десет голови и девет асистенции. Белгиецот сега е на листата на желби на Реал Мадрид и Ливерпул.

Тренерто Џан Пјеро Гасперини се плаши дека може да го загуби Белгиецот во летниот преоден рок. Се чини дека „црвените“ се далеку позаинтересирани за Де Кетеларе и можно да испратат понуда од преку 50 милиони евра за офанзивецот на Аталанта.

Фудбалерот кој има 23 години лани играше во Бергамо како позајмен играч од Милан, каде не се прослави во својата прва сезона во Серија А. Оваа година Аталанта го откупи за 22 милиони евра и плус 2 милиони во бонуси. Интересно е тоа што ако Де Кетеларе си замине од Бергамо, Милан ќе добие 10 отсто од вкупниот трансфер.