Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Реал Мадрид не сака да плати 400 милиони евра летово за да го доведе Килијан Мбапе

/

пред 1185 дена

Сподели преку :

Секој ден се појавуваат нови шпекулации околу иднината на Килијан Мбапе. Шпанската „Марка“ пишува дека Реал Мадрид не сака да го купи Французинот ова лето, бидејќи целата операција околу трансферот би го чинела клубот околу 400 милиони евра.

„Кралевите“ се подготвени да почекаат до следното лето, кога Мбапе ќе биде слободен агент и тогаш да му понудат огромен договор, без да му платата на ПСЖ ниту едно евро обештетување.

Според последните изјави на напаѓачот, јасно е дека тој не сака да остане во Париз по завршувањето на неговиот договор, бидејќи смета дека би имал повеќе шанса да ја освои Златната топка за најдобар светски фудбалер во друг клуб.

ФОТО: Игор Паневски