Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рељиќ тесно поразена во четвртфиналето на ОИ во Париз 2024

/

пред 786 дена

Сподели преку :

Македонската таеквондистка Милјана Рељиќ не успеа да се пласира во полуфиналето на  Олимписките игри во Париз откако загуби тесно од Летиција Оун од Либан.

Рељиќ загуби во две неизвесни рудни со 9-8 во првата, а во втората беше 6-6, но бидејќи Либанката имаш удар во главата ја доби оваа борба. Македонката има шанса за репасаж да се бори за бронза, ако Оун се пласира во големото финале.

Нашата натпреваурвачка приреди огромна сензација во првото коло на турнирот елиминирајќи ја двократната олимписка шампионка Џејд Џоунс од Велика Британија. Таа во категоријата до 57 килограми ја совлада третата фаворитка со 2-1 во рунди. Првата рунда и припадна на Македонката со 7-6, а втората ја доби Британката со 4-5. Во решавачката трета рунда беше 1-1, но победата и припадна на Рељиќ поради вкупно повеќе зададени удари. Џоунс е двократна олимписка шампионка од Лондон во 2012 и од Рио четири години подоцна, а на овие игри сакаше да стигна до историско трето злато, но беше запрена од нашата натпреварувачка.