Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рибакина ја декласираше Свјонтек, Сабаленка во финалето на Индијан Велс

/

пред 1296 дена

Сподели преку :

Елена Рибакина и Ирина Сабаленка ќе се борат за трофејот на турнирот во Индијан Велс.

Тенисерката од Казахстан сосема неочекувано за само 76 минути во два сета со 6:2 и 6:2 триумфираше над првата носителка и бранителка на трофејот Ига Својнтек.

За Рибакина ова е втора последователна победа во вкупно три соочувања со светскиот рекет број 1 кај дамите.

Противничка во финалето ќе и биде 24-годишната Белорусинка, Ирина Сабаленка која во меч што траеше еден час и 22 минути забележа победа над Марија Сакари со 6:2 и 6:3.

За Рибакина ова е 12-то финале во кариерата, а воедно и шанса да и се реваншира на Сабаленка за поразот на првиот Гренд слем во сезоната што се одржа во Мелбурн и да обид да стигне до четвртиот ВТА трофеј.

Сабаленка по 21 пат во кариерата ќе игра во едно финале и доколку триумфира за неа ова ќе биде 13-та турнирска победа.

Тенисерката од Белорусија во досегашниот тек од сезоната има освоено два турнири и на 18 меча забележала 17 победи.

ФОТО: Игор Паневски