Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рибакина ја елиминираше првата фаворитка во АО

/

пред 1351 дена

Сподели преку :

Елена Рибакина од Казахстан го направи најголемото изненадување во 4-тото коло од женскиот дел на Отвореното тениско првенство на Австралија.

Актуелната шампионка на Вимблдон во осминафиналето на првиот Гренд слем во сезоната за половина час игра во два сета со 6:4 и 6:4 ја совлада првата фаворитка на турнирот, Ига Својнтек.

Противничка во четвртфиналето ќе и биде Летонката, Јелена Остапенко која со 7:5 и 6:3 славеше во соочувањето со осмата носителка Коко Гоф која новата сезона ја почна со низа од осум победи.

Пласман меѓу осумте најдобри во Мелбурн обезбеди и Џесика Пегула по победата со 7:5 и 6:2 над Барбора Крејчикова од Чешка.

Во последното осминафинале од денешната програма Викторија Азаренка за противничка ја има Лин Жу од Кина.

ФОТО: Игор Паневски