Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рибакина со пресврт го освои првиот Гренд слем трофеј

/

пред 1548 дена

Сподели преку :

Елена Рибакина од Казахстан е победничка на третиот тениски Гренд слем турнир што се одржа на терените во Вимблдон.

Таа го големото финале со 2:1 по сетови 3:6, 6:2 и 6:2 успеа да ја совлада Тунижанката, Онс Жабер која исто така како и противничката дебитираше во еден решавачки меч на еден од Гренд слем турнирите.

Рибакина која е родена во Москва, а настапува за Казахстан за прв пат во историјата на оваа земја и донесе трофеј на Гренд слем турнирите.

За Рибакина ова е вкупно трет трофеј во кариерата откако претходно славела во Букурешт и Хобарт, а минатата година на Олимписките игри во Токио во мечот за бронзениот медал беше совладана од Елена Свитолина.

Триумфот во Лондон на казахстанската тенисерка и донесе и парична награда од 2,5 милиони долари додека поразената Жабер инкасираше сума 1,29 милиони.